ЛДП-Прилеп заедно со генералниот секретар и пратеник Боби Мојсоски и потпретседателот на партијата Валентин Груевски, вчера во Прилеп посетија десетина социјално загрозени семејства и на истите им поделија хуманитарни пакети.
-Оваа акција е продолжение на акцијата #СекојЕВажен, а прилепските либералдемократи овој пат решија наместо икебани и цвеќиња за секој празник парите да ги потрошат за помош на сиромашни семејства. Радоста за доделената помош и благодарноста за покажаното внимание беше видливо кај сите фамилии – информираат од партијата.