-Боби Мојсоски и Моника Зајкова, честитки за двајцата, секогаш застапувајте правда! Нема сомнеж во победата на оваа коалиција, европската траекторија која е темел за идните перспективи на земјава е веќе трасирана, процесите кои следат ќе значат секој ден чекор поблиску до целта, (што би рекол нашиот Марјановиќ) – Македонија да биде пристојно место за живеење!, напиша пратеничката од ЛДП во македонското Собрание, Јулиана Николова.
На изборите во 2016та година ЛДП доби 3 пратеници, овие избори еден помалку. Можеби тоа е последица на нивната сервилност и аминување на секоја лоша одлука кога се работи за Република Македонија.