Лашкоска: Со аферата Рекет, Заев сака да го скрие криминалот во неговата влада (ВИДЕО)

Имам впечаток како власта да сака да ја заташка целата ситуација, односно како да сака да бидат амнестирани, скриени, оние кои што биле главни во таа акција, реше во интервју за Курир, Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

Лашкоска во продолжение на интервјуто побара брза разрешница на аферата Рекет, но рече дека не е оптимист дека тоа ќе се случи.

Таа посочи дека во целиот случај има многу нерегуларности, од самиот почеток на истрагата па се до денес.

Лашкоска не заборави да спомене дека во моментов власта се бори против политичките неистомисленици, а со тоа дека секој кој не размислува како нив се препрака на други работни места далеку од нивното место на живеење.

Во продолжение погледнетего целосно интервју со Ане Лашкоска за “Курир”:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.