Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на вчерашната седница на Собранието наменета за пратенички прашања, му одржа лекција на премиерот Заев околу шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.
Ласовска зборуваше за книгата “Антички македонски штитови од Пелагонија” и за сонцето кое е пронајдено на штитовите во локалитетот на прилепското село Бонче.
Пратеничката му укажа на премиерот дека сонцето од Кутлеш не е ексклузивно право само на нашиот јужен сосед, како што тоа е предвидено со Преспанскиот договор, туку и право на македонскиот народ.
Премиерот потоа влезе во конфликт со Ласковска дофрлајќи од место.
Еве како изгледа сонцето пронајдено на штитовите во Бонче, кои се наоѓаат во Археолошкиот музеј.