Ламбе: Среќен сум што го запалив клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

За првпат по палењето на бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“, пејачот Ламбе Алабаковски се огласи на темата. Во изјава во гостување во „Бомбакис поткастот“, пејачот рече дека бил среќен и радосен за направеното.

„Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми“, изјави пејачот Алабаковски.

За потсетување, пејачот лани летото, во јуни беше уапсен за подметнување пожар во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, а беше осуден на условна казна од шест месеци. Алабаковски за време на истрагата го призна делото, а условната осуда е со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело. По пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.