Француски Нант на Кире Лазаров, вчера загуби неочекувано од Мотор Запорожје на домашен терен со 31-32, а нашиот капитен мечот го заврши со шест гола зад своето име, два од нив се прекрасни.
Лазаров потсети на своите „магични“ потези и голови, ЕХФ ги издвои головите на најдобриот македонски ракометар на сите времиња.