-Јас лично би ги заменил сите 19 години кариера за пласманот во РИО, напиша на социјалните мрежи капитенот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров.
Време е!Сонот на оваа генерација на ракометари и врвни спортисти…
Сонот на сите претходни генерации…
Сонот на целиот македонски народ..
„Од кога знам за себе играм ракомет, ракометот е мојот живот. Репрезентативниот дрес го носам 19 години и време да ставиме круна на се што постигнавме јас и моите другари од репрезентацијата изминативе десетина години. Пласманот на ОИ за нас како мала држава е многу повеќе од спорт, затоа треба да бидеме сплотени како никогаш до сега и да ја извојуваме најголемата победа во историјата на македонскиот екипен спорт. Јас лично би ги заменил сите 19 години кариера за пласманот во РИО“