Во дел од разговорот на тогашниот премиер Зоран Заев со наводната Грета Тунберг и нејзиниот татко, кој е дел од најновиот пранкерски хит објавен денеска, тој говори дека францускиот претседател Емануел Макрон мора да биде поодговорен политичар и се согласува со Тунберг дека е ужасен човек, а Грета му се жали и дека Макрон игра со Русите.
Дел од разговорот:
Грета Тунберг: Макрон (Францускиот претседател) е ужасен. Ги промени неговите позиции за климатските промени. Минатиот пат се однесуваше лошо, ги изневери западните вредности во полза на приближувањето со Истокот и оди кон руските интереси, незнам што им има ветено.
Зоран Заев: Нешто се случи таму, но се надевам дека ќе биде повеќе подговорен во иднина затоа што Франција, Германија такви држави се лидери во светот, тие мора да го водат светот. Со позитивно однесување, а не од апсект на постојано менување на позициите.