Во гостување во “РадарПодкаст” кај Сотир Костов, министерот за култура Зоран Љутков го начна и прашањето за прилепскиот театар “Војдан Чернодрински”. Можеби најтеатарскиот град во Македонија, веќе една година е без театар. По трагедијата во Кочани, театарот во Прилеп беше затворен со образложение дека не исполнува ниту еден безбедносен стандард.
Љутков истакна дека сега се работи идејно решение, а со ребалансот на Буџетот ќе се обезбедат средства за нов проект за реконструкција на театарот.
Според кажаното, се чини дека Министерството стои зад изборот на идеен проект за новиот изглед на театарот, што е спротивно од она што го кажа во јавност градоначалникот на општина Прилеп, кој рече дека бизнисмен стои зад финансирањето на проектот.
Љутков исто така во гостувањето најави и реконструкција на Центарот за култура “Марко Цепенков”, каде во моментов повремено се одигруваат театарски претстави, но сето тоа без потребната акустика за театар и често без доволно затоплување.
Без разлика што е точно и која е позадината …. Прилеп ден поскоро заслужува театар, Прилеп е театарски град, прилепчани сакаат култура и најважно, Прилеп е дом на најголемиот театарски фестивал во Македонија.
























