На страна муабетите но, очигледно е дека Заев и Мицкоски интензивно се спремаат за вонредни избори. И тоа на пролет, согласно подготовкиве, пишува во најновата колумна за Вечер, новинарот Драган Павловиќ Латас.
Заев подига кредити од странство без контрола.
Годинава, за прв пат по војните во Југославија, Македонија има државен јавен долг кој е поголем од 50% од бруто домашниот производ (БДП), а уште лани владата на Заев ја помина критичната граница со долг поголем од 5 милијарди евра.
Задолженоста е толку голема, и без контрола, што и професорот од МАНУ Таки Фити, докажан кадар на СДСМ, во април изјави дека динамиката на пораст на јавниот долг е неоджлива.
Заев се надева дека со купувањето гласови за плати и пензии од тие пари ќе избори резултат за доволно силен СДСМ да може да се брани од казните за корупција на оваа власт кои, без сомневање, го чекаат. Победа на избори нема, и тоа му е јасно, но поскаува барем 45 пратеници како сигурност за себе. А потоа, тие пари ќе не заглават, како што можевме да видиме, со тешки, болни трауми на преголема задолженост во која страдаат сите, видена во Грција и Бугарија.
Заев пред избори почна акција која ја нарече На прав пат. И име и план украден од хрватските социјалдемократи и српските демократи. Има намера да ги заборавиме тендерите, марихуаните, рекетите, местенките со обвинителства и судови, непотизмот теран до трето колено.
Пак потфрлија експертите на СДСМ во комуникација со народот. Што не е ново, тие немаат појма за потребите и состојбата меѓу Македонците но, ако ги прашате кое пиво е најбоље во Брисел, или каде да се спие кога се патува за Њујорк, за бутик Шанел… експерти се.
Мицкоски, од своја страна, извади нови кадри, именувани како стратешки советници, и не е тешко да се претпостави дека голем дел од нив се планирани за учество ви идната власт. Промовираше 16 луѓе како тим за обнова на Македонија.
Целата колумна прочитајте ја ТУКА