Кучешко-кафански живот во Крушево? (Фото галерија)

Ако мислевте дека само Прилеп има проблем со кучињата скитници, се лажете…

Сакаме туризам, делиме ваучери за туризам, а основните проблеми никако да ги решиме. Проблемот со кучињата скитници се чини го има во сите градови и никој досега не се одлучи да го реши.

После објавата со десетици кучиња во центарот на Прилеп, фотографии стигнаа и од Крушево, каде не е ништо подобро.

Пpилеп е MEKA за кyчиња cкитници: Ги имаме за извоз (Фото)

Кучињата се шетаат низ рестораните и кафулињата, а општината и таму ништо не прави за да го реши овој проблем

Животните не се криви, тие се невини и не заслужуваат нечовечки однос, туку бараат згрижување и нивно тргање од улица.

Редно е општините да посветат повеќе внимание на овој проблем. Во Македонија има голем број активисти и здруженија кои сигурно ќе излезат во пресрет со совети и помош.

Ако сакаме туризам и во иднина повеќе странски гости во нашите туристички центри, тогаш ова е едно од основните работи од кои треба да тргнеме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.