Премиерот на Косово, Албин Курти кажа дека почнала замената на регистерските таблички на Република Србија со косовски и процесот ќе трае до 31 октомври.
Курти им се обрати на Србите од Косово на српски јазик и кажа дека во следните два месеци ќе може да извршат пререгистрација на возилата во 34 центри.
„Почитувани граѓани, од денес до 31 октомври, имате 61 ден за да ги смените регистерските таблички. Преминувањето на табличките РКС ќе обезбеди непречена слобода на движење низ цела територија на Република Косово“, кажа Курти.