Каква е улогата на пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов со случајот Рекет? Дали честите средби на Костадинов со Боки 13 се поврзани со изнудувањето на пари и за какви се други матни зделки разговарале? – пишува порталот “Курир”.
Имено, Костадинов од јуни 2017 е почесен член на невладината „Меѓународен Сојуз“ чиј претседател е првообвинетиот во случајот Рекет, Боки 13. Тој на настанот во организација на сојузот како в.д градоначалник на Струмица држел говор каде не се штедел на зборови фалејќи го Бојан Јовановски.
Воедно во наредниот период Костадинов често можеше да се забележи во друштво на Боки 13, а за тоа сведочат и бројните фотографии кои двајцата ги објавуваа на социјалните мрежи.
Целиот текст прочитајте го ТУКА