“Курир”: Зоран Заев ја превзема квислиншката улога на Коте од Руља

Историчарите велат дека улогата на Зоран Заев допрва ќе се толкува како една од најнеконстуктивните во деструктивни придонеси во постоењето на македонската држава. Неговата штета ќе биде траен белег за постоењето на Република Македонија – пишува “Курир”.

Ако Норвешка го имаше Видкун Квислинг, норвешки политичар и соработник со нацистите за време на Втората светска војна кој стана синоним за човек кој се однародил, Македонија по втор пат од својата улога во ликот на Зоран Заев го наоѓа Коте од Руља соработник со грчките власти против идеиите за македонска држава и независност.

Македонија влегува во финалето на спорот со Грција и се чини дека Зоран Заев речиси стопроцентно ги прифаќа сите грчки позиции. Таа соработка со Грците не е нова, историски гледано, македонскиот предавник Коте Христов од Руља повеќе од 100 години наназад исто така изигра клучна одлука во минирањето на македонските позиции.

Кој бил Коте Христов од Руља

Македонец кој Грците сега го слават како нивен херој. Историјата на македонскиот народ памети една личност чиешто име стана синоним за однароден човек, човек кој го гледа само личниот интерес и за тој интерес е спремен да го продаде целиот свој народ. Неговото име е Коте Христов. Овој човек бил Македонец по род, израснал како Македонец и бил воспитуван како Македонец, бил роден во костурското село Руља, област Корешта, Егејска Македонија.

Овој истиов Коте претходно помеѓу народот имал голем авторитет, Македонците во еден период го сметале за свој херој и спасител, се додека непочнал да врши грабежи на обичното население, за што ВМРО го осудува на смрт. Откако Коте видел дека неговите намери, во однос на македонското прашање, биле осуетени од страна на Организацијата, и откако видел дека народот ја сфатил шарлатанската улога на Коте (до тогаш нивен херој) тој договорил средба со патријаршискиот грчки митрополит Германос Каравангелис.

На средбата во селото Трново, Каравангелис истакнал: „Вие сте Грци уште од времето на Александар Велики, но поминаа Словените и ве словенизираа. Вашиот изглед и земјата што ја газиме се грчки.“ Коте не бил толку убеден по исказот на Каравангелис, уште бил сомничав, но следното веднаш го убедило. Каравангелис продолжил: „Од денес ти ќе бидеш со нас, ќе бидеш наш прв човек. Ќе те испратам долу да ги запознаеш грчките цареви а твоите деца ќе ги испратам да учат во Грција“, Каравангелис му дал кеш пари на Коте и се договориле секој месец Коте да добива по 10 лири од грчката влада.

Откако го видел бенефитот Коте прифатил се, па и да си го погази својот народ, децата ги испратил во Атина каде биле пречекани од Павлос Мелас – грчки офицер одговорен за грчката воена пропаганда во Македонија, тие биле запишани во Лицејот на националистот Делиос.

Во текот на Илинденското востание Лазар Поп Трајков, кој предводел чета од 600 комити, се сретнал со Коте и му ги простил сите гревови, и покрај тоа што можел веднаш да го ликвидира. По востанието Коте повторно се вратил во редовите на грчката пропаганда и започнал лов на македонските револуционери, како андартски првенец. Човекот кој му ги прости сите гревови, Лазар Поп Трајков, побарал засолниште кај Коте, но Коте во истиот момент му ја исекол главата на Лазар Поп Трајков и ја испратил кај Каравангелис за што добил 50 фунти награда. Коте Христов е директен виновник за ликвидацијата на голем број македонски дејци, тој е човекот кој ја закопа Организацијата во Костурско и бил најголемото чедо на грчката пропаганда.

Веднаш по Балканските војни и окупацијата на Егејска Македонија, грчките власти го преименувале родното село на Коте, кое во негова чест било наречено Котас. Коте денес се слави како национален херој во Грција, неговата родна куќа е претворена во музеј, а низ цело Костурско има споменици од овој однароден Македонец кој работел само за личниот интерес.

Зоран Заев станува новиот Коте од Руља. Прифаќајќи ги сите грчки позиции, тој веројатнио е најомилениот македонски политичар во овој момент во грчката држава. Човек кој себе си се прогласи за жртва по настаните на 27 ми април, и трибун на народот, одлично игра по нотите на грчката држава. Смената на уставот за што и официјално потврди дека ќе се случи значи и промена на македонскиот идентитет. Прифаќањето на име кое нема да биде превдено на англиски во меународната употреба исто така знаи комплетно ново име. Ако Коте ја предал македонската идеја за 40 фунти, Заев тоа го прави преку колективната хипноза за некаков подобар живот за што нема никакви гаранции ниту дела.

Историчарите велат дека улогата на Зоран Заев допрва ќе се толкува како една од најнеконстуктивните во деструктивни придонеси во постоењето на македонската држава. Неговата штета ќе биде траен белег за постоењето на Република Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.