Во петокот вечерта две возила со косовски регистерски таблички полни со оружје (автоматски пушки и пиштоли) со различен калибар, ја преминале границата со Македонија, пишува Курир.
Од неофицијални извори, кај селото Глуво (скопска Црна Гора), дошло до голем инцидент, каде бил претепано и едно лице. Селаните ја информирале и полицијата.
-На лице место пристигнаа полицајци со униформа кои ништо не направија иако го видоа оружјето. По некое време дојдоа и од Единицата Алфи кои, како што викаа, по наредба на висок функционер не смееле да реагираат, велат очевидци на настанот за Курир.