Курир дознава дека од утре ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки во Македонија поради сериозната состојба со коронавирусот.
Неофицијално, според информациите на Курир, до Владата е предложено зголемување на полицискиот час. Наместо како досега од 22 часот, полицискиот час ќе започнува од 20 часот.
Следна мерка која неофицијално ќе стапи на сила од утре е затворањето на угостителските објекти на две недели.
Владата свика итна седница на која ќе се разгледуваат предлозите на Главниот координативен штаб за управување со кризи.
Во текот на денот се очекува прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче.