Полни контејнери, депонии на сите страни, води ли ЈКП Kомуналец Прилеп доволно грижа за чистотата во градот? Фотографиите се испратени од граѓани кои бараат собирањето на сметот да биде почесто.
Точно е дека комуналците работат по програма за собирање на сметот, но точно е и тоа дека во ова модерно време отпад има се повеќе. Речиси и да нема повеќе производ без амбалажа, а со тоа кантите за отпадоци и контејнерите се полнат побрзо.
Проблем прават и застарените и дотраени камиони за одлагање на сметот, кои често зад себе оставаат цели реки флуиди од отпадот, а низ градот се шири неподнослива миризба.
Дополнително глутниците кучиња скитници кои ги има во секој дел од градот, го расфрлаат ѓубрето, а сликата потоа е грозна и не доликува на модерен град во 21 век.
Првите две фотографии се од улица “Tризла”
А наредните се од градинката “Гоце Делчев”, каде пак улицата “Ѓорѓи Сугаре” не е ниту пристапна, а богами ниту соодветна за одлагање отпад од контејнери.
Купишта пелени и разно ѓубре се собира во купови веќе две недели, а жителите од оваа улица се дават во непријатна миризба.