Купила вазна за 60 долари, а ја продала за 9 милиони- погледнете зошто!

Необичната вазна со плаво-бел порцелан наводно била направена специјално за кинескиот император Кјанлонг кој владеел со Кина 60 години.

Заборавената вазна, пред 50 години била купена за 60 долари, а во саботата беше продадена на аукција во Хонг Конг за 9 милиони долари.

Вазната која угледната аукциска куќа “Сотеби” ја опиша како “изгубено ремек дело”, е редок примерок од 18. век.

Нобичната вазна направена од плаво-бел порцелан наводно била изработена специјално за кинескиот император Кјанлонг кој владеел со Кина 60 години.

“Неверојатно е тоа што кревката вазна преживеала половина век во куќа опкружена со мачки и кучиња”, вели Николас Чов, вработен во “Сотеби”.

Вазната е уникатна и дел е од малата колекција изработена од 1742 до 1743 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.