Наместо сигурна победа како што очекуваа сите, РК Прилеп синоќа загуби минимално на домашен терен од последниот на табелата, екипата на Скопје.
После триумфот над фаворитот Пролет изминатиот викенд, вљубениците во ракомететот очекуваат сигурна победа на прилепчани против РК Скопје, но фенерџијата на суперлигашката табела ја освои салата во “Ристе Ристески-Ричко” и триумфираше со 26:27 (14:15 на полувремето).
За тимот на Скопје кој е предводен од двете дами Андријана Будимир и Ања Алтхаус, ова беше само втора победа во досегашниот дел од сезоната, а дури десетти пораз за прилепчани, кои ги предводи Горан Кузманоски – Таста.
Најдобар поединец во редовите на РК Прилеп беше ветеранот Реваз Чантурија, кој постигна 11 погодоци
Во идното коло Прилеп е гостин на Еурофарм Пелистер 2 во Битола.