КСС: Во пензија мажите да одат на 61, а жените на 59 години

Конфедерација на слободни синдикати (КСС) се залага за намалување на старосната граница за пензионирање на 59 односно 61 година за мажи и од 57 до 59 за жени, со што ќе се намали бројот на вработените во јавниот сектор.

„Доколку работниците предвремено одат во пензија, процентот ќе им биде намален поради годините од предвремено пензионирање, според процентот на годините стаж, но штом ја исполнат старосната граница пензионерите да си ја добијат пензијата во полн износ, исто како да ја исполниле старосната граница од 64 односно 62 години“, пишува во соопштението на КСС.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.