Крушевчанка го истурила пепелникот во дворот и предизвикала катастрофа

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево, поднесе кривична пријава против В.Ш. од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 01.07.2024 во с.Пуста Река, крушевско, пријавената го истурила пепелникот од шпоретот за дрва во дворот од куќата и предизвикала пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил стара куќа, сопственост на Д.Б. и С.Б., како и борова шума над с.Пуста Река.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.