Локалната самоуправа веќе подготвува проект за темелна реконструкција на крвотокот на градот, главниот дел од булеварот ,,Гоце Делчев,,. На крстосницата кај градската кафеана или на спојувањето со улицата ,,Прилепски бранители,, се предвидува уредување на сообраќајницата со зелен појас на средината. Предвиден е кружен тек на одвивање на сообраќајот, во чиј центар ќе се пренесе сегашниот јарбол со македонското знаме. Идејата ќе се реализира по подготовката на проектите и обезбедувањето на средства за фазна градба, која бара крупни решенија на подземната инфраструктура, осветлувањето, канализацијата, водоводната мрежа, осветлувањето, тротоарните површини и хортикултурата.