Кристијан го фати светиот крст од Вардар: „Минатата година ми донесе синче, здравје и среќа, тоа го посакувам на сите“

Најсреќниот учесник на Водици е 26-годишниот Кристијан Ниневски од Скопје кој го извади крстот од водите на Вардар.

Светиот крст беше за кратко време изваден од реката.

-Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија и тоа им го посакувам на сите. Посакувам секоја година што поголем број да бидеме и Бог да даде сите да го почувствуваат ова чувство. Икона, библија, крст, ланче добив минатата година како подарок, кажа Кристијан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.