Крикот на младите кошаркари не допира до бизнисменските срца – Кошарката пропаѓа!

Прилепскиот кошаркарски клуб МЕГА БАСКЕТ, кој и оваа сезона ќе се натпреварува во Втората кошаркарска лига на Македонија, формира своја подружница која ќе го носи името КК МЕГА БАСКЕТ ЈУНИОР.

Идејата е овој нов клуб да служи за усовршување на младите категории, и истиот ќе се натпреварува во Третата лига при КФСМ.

Токму затоа менаџментот на клубот бара поддршка од бизнисекторот, да го помогнат проектот со финансиски средства.

Целта е преку овој нов клуб да се откријат нови таленти помеѓу младите вљубеници во кошарката во Прилеп и регионот, а потоа истите да напредуваат, да дадат свој допринос за растот на прилепската кошарка, а зошто да не и да станат идни репрезентативци.

За жал засега никој од бизнис секторот не излезе во пресрет на овие дечки, да го помогне нивниот раст и развој до врвни спортисти на Прилеп и Македонија. Родителите и клубот се надеваат на помош од Стопанската комора Прилеп, од каде очекуваат да наидат на разбирање и поддршка за издигнување на прилепската кошарка.

Затоа се’ уште останува апелот за секој кој може и сака да го помогне проектот, да контактира со менаџментот на клубот на следниот ЛИНК




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.