Кривична пријава за прилепчанецот кој злоставувал 11-годишно девојче

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 39-годишниот Р.Ч. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

На 01.06.2018 во 13:00 часот во Полициската станица Прилеп, А.Х. од Прилеп пријавила дека на 31.05.2018 година околу 09:00 часот, додека најзината 11-годишна ќерка била на гости кај другарка во Прилеп, нејзиниот татко Р.Ч. извршил полов напад над истата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.