Кривична пријава за лицата кои на прилепчанец му одзеле ранец со 140.000 евра

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против О.А.(40) од село Бузалково-велешко, Ј.З. (45) од село Кочилари-Градско и Ф.И.(35) од село Радолишта-струшко поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело “разбојништво“.

Имено на 27.08. годинава во 14,20 часот во Струга на улицата “Битолски Конгрес“ пријавените со употреба на физичка сила и спреј – солзавец извршиле разбојништво над Д.З.(26) од Прилеп, при што му одзеле ранец во кој имало 8.800.000 денари, а потоа со патничко возило „Фолксваген Голф 3“ заминале во непознат правец.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.