Кривична пријава за 25-годишна прилепчанка за “неовластено навлегување во компјутерски систем”

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Б.(25) од Прилеп.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Б.(25) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 07.03.2021, пријавената противправно прибавила податоци од платежна картичка на В.К., по што во 15 наврати извршила интернет трансакција и нанела штета во износ од 14.808 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.