-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(50) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Полициски службеници извршиле претрес во дом кој го користи пријавениот, при што е пронајден и одземен амфетамин – информираат од МВР.