Прилеп,многу серизно се наметнува на спортската боречка сцена во Р.Македонија.Во правец на поголема популаризација на борењето во Прилеп и Р.Македонија авторот на текстот Трајче Димков ни дава кратотк осврт на борењето во светот и борењето во Република Македонија.
БОРЕЊЕ
Спортот над спортовите, спортот кој е поврзан со почетокот на човештвото ,спортот кој е основата на многу други спортови, спортот кој се појавува во Античките Олимписки Игри а и од почетокот на новите, современите Олимписки Игри.БОРЕЊЕТО е еден од најуспешните спортови во Македонија.како во ниеден друг спорт,македонските борачи ја преставувале својата земја на најпрестижен начин,освојувајки бројни трофеи.
Македонија,во изминатите децени, е етаблирана како своевидна велесила во овој спорт.Борачите низ времето освојуваа олимписки медали и постигнуваа забележителни резултати на светските и европските и клубски натпреварувања.Македонскиот спорт со борењето постигна еден автентичен идентитет.Борењето го постигна ова балгодарение на,искрената мултиетничка соработка,респект и заедништво која постои во Република Македонија.
Со цел да ја покажеме големината, важноста и потребата од овој спорт ќе дадеме осврт на зачетоците на овој спорт во светот како и во Македонија.
Борењето покажа дека може да го сврти вниманието на сите љубители на овој спорт. имајќи предвид дека се работи за спорт чии корени лежат уште со почетоците на човештвото.Овој значаен спорт кој во последно време ги надмина и бариерите на половата припадност и кога се појави опасност за отсранување од Олимписките игри,лидерите од цел свет се обединија и застанаа зад борењето, за учество на Олимписките игри и свој потпис дадоа, Путин од Русија, Обама од САД, Ахмединеџад од Иран и др. За првпат борењето ги обедини сите светски народи.
КРАТКА ИСТОРИЈА НА СВЕТСКОТО БОРЕЊЕ
Борењето е спорт кој е поврзан со самите почетоци на човештвото. Уште од самите почетоци на човештвото, борењето било едновремено, култ, легенда, задолжение а и испит на секој член на задницата.Тоа нема автор како повеќето спортски дисциплини, ниту етнички или географски центар од каде би започнало.Тоа е познато на сите народи од секогаш поврзано со, битието, културата, воената подготовка и внатрешните потреби на луѓето. Борењето е еден од најраспространетите спортови во светот.
Почетокот на борењето е закриен во маглината на древните легенди и преданија. Спортската историографија ги бара почетоците на физичките активности а исто така и на борењето во религиозниот култ, инстиктивните побуди, вродените агресивни комплекси.
Според древните грчки легенди борењето е божественена наука и искуство зошто правилата му се дадени од божицата Атина Палада. Според други легенди тоа е создадено од Прометеј, Хермес, Херакле и др.
Почетоците на борењето се врзани со она време кога човекот почнува да разбира дека физичката активност,движењата и определени техники за удари, свлекување, фаќање, задушување и др., давале гаранција за подобар лов, напад или одбрана со животните и луѓето. Создавањето на овие движења е од една страна големо откритие на човечкиот ум а од друга страна незамисливо средство за умствениот развој на човекот и изиграло важна улога во, Антропогенезата [формирањето на човекот ] и за негов понатамошен развој.
Борењето се раѓало и развивало како општо човечки и светски историски процес, полицентрично насекаде каде што живееле човечки групи.
Првите напишани сведоштва за развојот на борењето се од од пред 5000 години. Во, Поемата за Гилгамеш, напишано со клинесто писмо, на баралефи, цилиндрични печати и најстарата скулптура на борачи од Каваџи се гледа дека постоело борењето и тоа организирано, се гледа како Гилгамеш се бори со лав и начинот на кој го прави тоа е многу сличен на техниката од борење позната под името ,,Мелница’’.
Многу се археолошките и историските белези од борењето на древните египјани но најкарактеристични се четиристотините техники од гробницата, Бени Хасан цртежите покажуват дека египјаните познавале многу техники што и ден денес се користат, одбрани и контранапади а помалку познавале техники од партер.Борењето во Египет било организирано а се одржувале и меѓународни натпревари во присуство на фараоните, каде имало правила и судии.
Историјата на борењето на далечниот исток е задоцнета и засенета со воените искуства. Во книгата, Азиски воени искуства, Дреигр и Смит пишуваат дека борењето може да биде сметано за основа на сите воени искуства.
Писмени сведоштва се откриваат и во индиските епови ,Ригведа,,,Рамајама,,,Пурана, и други. Борењето ,Шиаочиао, во Кина е познато од пред 5000 год. За борењето кај Евреите може да се види од од Библијата и книгата на Јов,опишана е силата на Саул,борбата на Јаков со бога и борбите на Самсон и Давид.
Најмногу се ценело борењето во Античка Грција каде го сметале за наука и уметност. Борењето била главна спортска самостојна дисциплина на олимписките игри 708 год. пне и била круна на, Пенталонот [петобој- фрлање на диск и копје,трчање,скок во далечина и борење. Во тоа време и тренерите биле многу ценети и познати. Во 3 век во нашето време Филострат пишува во своето дело ,За тренерската наука, а од ракописот на Оксирика може да се види дека уште од тогаш постоел методски начин на учење на борењето,во школите постоеле натписи,Учи ја школата на борењето пред да почниш да се бориш,.Oд податоците на Пиндар, грците го познавале и боречкиот мост а Епиктет ги дал описот на некој вежби за јакнење на вратната мускулатура, исто така користеле кукли за тренинг, по тренингот се користеле масажа, туширање и пливање. Борачите во време се користени и како модели на многу скулптори за изработка на фигури, бидејки мускулите на борачите биле најмногу и најскладно изразени. Највлијателните личности минувале низ школите по борење како филозофите, Сократ,Платон, лекарите Хипокрит, Хипич, државниците Клистен, Филип 2 Македонски, Aлександар 3 Македонски и др.
Во Римското царство исто се давала голема важност на борењето кое било под влијание на грчкото борење. Кај нив приоритет им се давало на Гладијаторската борба. Секој народ си имал изградено свој стил на борење и најдобрите борачи биле ценети и славени како најголеми личности на својот народ[ Јапонија, Монголија, Скандинавските земји, Словенските народи и др.
Првата печатена книга излегла во 1500 год., втората книга е ,Боречкото искуство, на Фабиан Фон Ауерсвалд-1539 кои бил државен министер. Кон крајот на 19 век брзо почнало да се развива професионалното борење, кое барало организиран тренинг и натпревар. На првите Олимписки игри 1896 год. во Атина во главниот дел на Олимпијадата е вклучено и борењето, се бореле 5 борачи а победил германецот Шуман, тие се бореле слободен стил, додека грчко римски стил за прв пат се појавува во 16 век во Франција.
Првото светско првенство се одржало 1898 год. во Париз со учество на 30 борачи и победил францускиот борач Паул Понс. Во почетокот на 20 век спортовите на сила (борење,дигање на тегови,фрлање кугла и диск,влечење јаже биле во една дисциплина) биле во еден сојуз. Првата боречка светска организација е основана во 1905 год. во Дуисбург од податоците на Стен Свенсон на иницијатива на германскиот атлетски сојуз. Во тој период се вметнати и тежински категории во борење слободен стил 5 категории а во грчко римски стил 4 категории. Пред олимписките игри во Стоколхолм во 1912 год. требало да се одржи конгрес на кој ќе се направеле правилата и пропозициите на борењето, конгресот не е одржан но комитетот ги изработил основните меѓународни правила. На истите Олимписки игри борбата помеѓу русинот Клајн финецот Аискинен траела неколку часа а Олимписките игри поради борењето траеле 21 ден, тоа допринело до ограничување на траењето на борбата на 2х30 минути со една минута одмор и победа со добивање на поени.
Се смета дека ФИЛА-Светската боречка федерација е основана 1921 год. со седиште во Париз,Еинар Раберг од Шведска бил прв претседател,Милан Ерцеган од Југославија најмногу се задржал како претседател на ФИЛА и направил најмногу реформи во борењето.
Денес Светската боречка федерација (ФИЛА) го промени името и се нарекува Обединето светско борење или кратенка UWW, со намера да ги обедини сите дициплини слични на борењето а нејзин претседател е Ненад Лалович од Србија.
Трајче Димков
Професор по физичко воспитување,
Поранешен репрезентативец и селектор на
репрезентацијата на Република Македонија во борење и
учесник на Олимписките игри во Пекинг