Кралот на џунглата бил опколен од чопор хиени, но потоа дошол неговиот другар: Пример за другарство од кое треба да учат луѓето (ВИДЕО)

Red или Црвениот како што е именуван лавот во видеото на “BBC Earth” бил опколен од чопор од 20 хиени.

Лавот на почетокот бил беспомошен, невозможно било да се одбрани од толку многу натрапници одеднаш.

Но, неколку минути подоцна неговиот другар го слушнал страшното рикање, па дотрчал да му помогне.

Работите веднаш се промениле, а хиените почнале да бегаат на сите страни.

Дури и најсилното животно може да се најде во невоља и да стане плен, но кога имаш вистински човек со тебе се кинат и челични синџири.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.