Прилеп во недела ќе биде домаќин на натпреварот во мешани боречки вештини -под името „Крал Марко опен ММА челинџ“ симболот на градот.
„Натпреварот е аматерски. И, пред се, целта е промоција на боречките вештини, запознавање и афирмација со ММА спортот, кој станува се популарен. На турнирот ќе учествуваат 15 клубови од Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Кавадарци, Велес, Штип, Струмица, Куманово, Гостивар и Скопје. На почетокот ќе има неколку борби во граплинг, а потоа почнуваат борбите во ММА, кои ќе бидат поделни во две дела: воведни борби за натпреварувачи без искуство и главни борби за борци кои веќе имаат искуство во ММА борбите или во други боречки вештини. Борбите ќе бидат по аматерски правила со целосна заштитна опрема“, вели организаторот Пеце од ММА клубот Максам.
Тој истакнува дека ќе има интересни борби, награди и изненадувањеа од спонзорите за борци во неколку категории. Но, овој турнир ќе го оболежат борбите во женска конкуренција.
„Ова ќе биде едно искуство повеќе за сите. За натпреварувачите, за тренерите, за судиите и за нас организаторите. На сите учесници на натпреварот им посакуваме упсех и среќа во борбите“, истакнува Пеце.
На програмата се околу 20 борби во кои има и неколку исксуни и добри борци, кои веќе се имаат борено во ММА на турнири во Македонија, но и го почуствувале адреналинот и на меѓународни турнири во Бугарија, Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора…
„Тие борци се во главните борби и од нив очекуваме добар настап и добра презентација на мешаните боречки вештини“, тврди Пеце.
ИЗВОР – www.ipon.mk