Крадел што крадел, па го фатиле со целиот плен – Приведен прилепчанец за тешка кражба во куќа

-На 07.03.2025 во 21,50 часот на улицата „Ристе Секирчанец“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Џ.(40) од Прилеп бидејќи истиот бил затекнат со предмети од извршена тешка кражба од куќа.

С.Џ.бил приведен во полициска станица Прилеп, а украдените предмети биле вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.