Невремето кое на 23.07.2018 ги зафати земјоделските посеви во селата Големо и Мало Коњари, како и селата Галичани, Кадино село и посевите во населбата Варош, остави голем број земјоделци во Прилеп на работ од егзистенција.
Огромни површини посадени со тутун, жито, пченка, пипер…. беа погодени од град со големина на орев, при што 100% беше уништена целиот земјоделски труд на прилепчани.
До општина Прилеп пристигнаа над 1300 барања за оштета, а од таму земјоделците добија поддршка и ветување дека ќе бидат обештетени.
Иако сите овие семејства оттогаш очајно молат за помош и речиси останаа без основна егзистенција, од општината сеуште нема никаков одговор, колку и кога точно истите ќе бидат обештетени.
Ветувањето беше дека тоа ќе се знае по еден месец, но деновите речиси изминаа, а од општината сеуште нема конкретен одговор, дали земјоделците ќе добијат почитување на нивната мака и дали општината ќе им помогне да ја поминат годината?