Коњановски: “Работевме во сите области, во Новата година доаѓа нова светлина, нова енергија и нова радост за граѓаните на Битола (ВИДЕО)

Новогодишно обраќање од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски:

Има ли поубава радост, поубава приказна од новогодишните празници. Секој празник е приказна за себе, но новогодишните празнувања ја имаат посебната магија. А, таа празнична магија веќе ги исполнува и нашите срца и нашите домови и не зближува со нашите најблиски, со пријателите, колегите, соработниците….

Се наоѓаме пред еден таков период кога нова светлина го исполнува градот во претпразничните денови, светлина која ни го осветлува патот во новата 2026 година. Заедно, силно и храбро да чекориме во годината пред нас.

Старата година ја испраќаме со сите добри и помалку добри работи, но работевме со искрена љубов , голема посветеност и пожртвуваност градејќи го заедно подоброто утре.

Годината која ќе биде зад нас, беше година на предизвици во која вложивме голем труд Битола да ја направиме поубаво место за живеење и веруваме дека заедно со Вашата поддршка успеавме во тоа.

Работевме во сите области на нашето секојдневие, вложувавме во инфаструктурата, во образованието, културата, спортот, а верувам и сигурен сум дека така ќе биде и во следната година, година на реализација на големи проекти.

Не се штедевме себеси и подготвивме убава празнична програма во нашата и Ваша Зимска приказна која ги обединува сите генерации, го раздвижи нашиот град, привлече туристи и внесе топлина во нашите срца, со магијата која е околу нас.

Нова светлина, нова енергија, нова радост за граѓаните на Битола и сите гости. Убавината на промените ја создаваме заедно, со меѓусебно почитување, разбирање и поддршка.

Драги сограѓани, пријатели, соработници

Празнувајте со радост во кругот на Вашите семејства.

Нека ни е честита и среќна Новата година. Нека се среќни и бериќетни Божиќните празници!!!

За многу години!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.