Тони Коњановски, кандидат за градоначалник за општина Битола од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ на МРТ1, посочувајќи дека минатогодишниот мандат го извршувал посветено, одговорно, отчетно, а новиот мандат ќе значи континуитет на активностите кои секојдневно се реализираат на терен. Коњановски истакна дека Битола во изминатите четири години беше едно градилиште и посочи дека истата ќе продолжи да се гради и развива не само инфраструктурно, туку и во делот на културата и спортот чии впрочем и обележја се на градот Битола.
Коњановски во продолжение го елаборираше и проектот за топлификација на Битола, при што истакна дека станува збор за капитален проект од 40 милиони евра, и кажа дека дел е реализиран, а во делот на станицата за дотоплување ќе се реализира и дека на повидок се активностите за прочистителна станица.
„Во делот на топлификацијата, неколку проекти се во фаза на реализација, топлификацијата е веќе дел од проектот кој е завршен. Тоа е еден од капиталните проекти над 40 милиони евра кој ќе се реализираат и се реализираат останува уште станицата за дотоплување. Пред отпочнување сме на работи и активности за прочистителната станица“, кажа Коњановски и надополни:
„36 институции во Општина Битола се поврзани на проектот со топлификација. Направена е мрежа од 15,5 км градска инфраструктура и уште толку до РЕК Битола поврзување“.
Коњановски посочи дека во неговиот мандат беше ресетирано и ставено во функција МЈП Пелалинк, дека беа ставени на располагање на сите капацитети во делот на транспортни средства и дека се очекува преку новиот повик од Владата, Битола да добие уште најмалку 6-7 електрични автобуси со кои ќе се подобри јавниот превоз во општината.
„Конечно рестартирање на меѓурегионалното јавно претпријатие за превоз Пелалинк. Го рестартиравме, ги ставивме сите капацитети кои ги имаме во делот на транспортни средства, минибус, неколку електрични автобуси од помала категорија, комби возила заедно со општините Новаци и Могила. Од Владата на Република Македонија од новиот повик информирани сме дека од пакетот на 120 електрични автобуси за локалните самоуправи освен градот Скопје кадешто ќе припаднат 80,40 остануваат за нас од кои Општина Битола треба да добие најмалку 6-7“.
Коњановски во однос на претходно изнесеното се надоврза и посочи на сè она што е преземено, што се презема, но и што се планира во делот на заштита на животната средина во Битола и кажа:
„Проектот на топлификација решава дел од проблемите, но не комплетно. Современ систем за ослободување на возилата и од централното градско подрачје и воопшто од нашето користење е воспоставување на квалитетен градски сообраќај. Со набавка на дел од еколошки автобуси ќе се обидеме да ја санираме положбата колку што може и на граѓаните да им овозможиме алтернатива. Сме со идеа и да го затвориме централното градско подрачје и тоа веќе постои одлука се чека сообраќајниот режим кој треба да стапи. Во делот на субвенциите имаме премногу субвенции и во делот на инвертери, колектори за сончева енергија, 10 училишта се покриени со сончеви колектори, а до крајот на мандатот ќе бидат сите, имаме и енергетски фасади“, вели Коњановски.
На крај, Коњановски заклучи и кажа дека во негов мандат постојат 65 проекти со кои аплицирале пред Владата кои чекаат на реализација и за истите се обезбедени средства.