И двата вида припаѓаат на истиот ред тропски грабливки (Crocodylia).
И крокодилот и алигаторот се вистинска опacност за животните во нивната околина, имаат долг заден дел, остри заби и кратки нозе. Интелегентни се, ладноkpвни, oбожаваат да пливаат, имаат вертикални зеници кои се шират на слаба светлина, а тоа ги прави да бидат и одлични ловци.
Меѓу нив има многу сличности, па сепак- крокодилот и алигаторот се два различни вида. Но, по што се разликуваат?
Најпрво, крокодилите имаат подолг реп, во облик на буквата V, а четвртиот заб им е излезен иако устата им е затворена. Многу се поагресивни од алигаторите и може да се најдат ширум светот, додека алигаторите претежно живеат во САД и Кина.