Која е мајка, а која е ќерка? Никој не би рекол дека помеѓу нив разликата е 24 години (Фото)

Тешко дека некој би помислил дека помеѓу нив разликата е 24 години

Џолин Диаз има 43 години, но сите мислат дека е многу помлада и често ја мешаат со нејзината 19-годишна ќерка, Меилани Паркс.

Како што вели Џолин, често се случувало луѓето да помислат дека се работи за две сестри.

“Мислам дека не и смета. Додека растеше, често ги слушаше луѓето како ми велат дека мислат дека мојата ќерка ми е сестра”, вели Џолин.

Како што вели, таа и Меилани никогаш не оделе на забава заедно, а додава и дека не планира. Додека нејзината ќерка се забавува, така вели дека сака да остане дома и да испие шолја со чај. На овие фотографии, мајката се наоѓа од лева страна, а ќерката од десно.

“Од секогаш живеам здраво, живеам активен живот. Ретко пијам алкохол, добро се одмарам и јадам балансирано”, додава таа.

Џолин е самохрана мајка, а од партнерот се разделила пред 13 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.