Македонската фаланга пристигна и во Амстердам, каде ќе ги бодри нашите фудбалски херои на последниот натпревар во групата “Ц” против фаворизираната Холандија.
Голем број Македонци ширум Европа и Македонија, како и нашинци кои живеат и работат во Холандија, се присутни пред арената “Joхан Кројф” каде играат оро и пејат македонски песни.
Една прекрасна атмосфера која заслужува да биде наградена со добар резултат од нашите фудбалери.