Кој рече дека во животот не може се’ да биде розево: Оваа жена живее во розев свет и буквално се’ што има е розево (ФОТО)

Китен Кеј Сера е личност која е заљубена во розева боја.

Таа е опколена со розево, од креветот, до косата, телефонот, па дури и кучето, се’ е розево.

Нејзината опсесија со оваа боја започнала пред 37 години. Кога имала 20, не знаела што да облече за некоја журка, па одбрала розев топ, розева сукња и аксесоари.

“Се чувствував преубаво. Помислив, ако толку многу розева облека на мене ме прави среќна, зошто не би го правела тоа секој ден? Носењето бели маички и фармерки ми делуваше бесмислено. Не сакав да чекам одново некоја посебна прилика за да носам розево. Сакав да бидам убава во розево секој ден. Го продадов својот автомобил, го напуштив Хјустон, и се преселив во Холивуд”, вели таа.

Китен за себе вели дека e “фламинго помеѓу гулаби”. Вели дека ги жали луѓето кои носат само сиво и црно. На розевите работи потрошила повеќе од милион фунти.

“Toa звучи многу, но кога ќе го поделите на децении, и не е баш. Луѓето трошат и повеќе на мебел и автомобили, а јас на розево”, рекла таа.

Китен тврди дека бојата никогаш не и се здосадила. Најмногу би сакала да има супермоќ со која се’ што ќе допре ќе може да го претвори во розева боја.

Таа се занимава и со пеење, а е доста популарна и на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 70.000 луѓе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.