Нов закон во Франција. Законот забранува минстрите, пратениците, и членовите на локалните власти да ги вработуваат венчаните или невенчаните сопружници, родители и деца под закана од три години казна затвор и 45.000 евра парична казна.
Законот го поддржале 383 пратерници, тројца биле против, а 48 воздржани. Членовите на владеачкото мнозинство аплаудираа по гласањето на законот.
Министерката за правда на Франција Никол Белубе честитала на, како што кажала, многу позитвниот сигнал од граѓаните.
Комунистичкиот пратеник Пјер Даревил прокоментирал дека „слон роди глушец“.
Макрон ветил брзо усвојување на тој закон откако претседателската кампања се довела во прашање подобноста на некои кандидати.
Претседателскиот кандидат на десницата Франсоа Фијон, кој на почетокот на кампањата беше фаворит за нов шеф на државата, доживеа голем пад на популарноста откако искочи скандалот поради фиктивни работни места во парламентот на неговата сопруга Пенелопе и нивните две од пет деца.
Против Фијона во екот на кампањата е покрената прелиминарно обвинение за злоупотреба на јавни средства
На мета на истрага за измами и малверзации беше и екстремно десничарската партија Национален фронт на Марин Ле Пен.