“Кој забранува да се сликаат кучињата вдомени во ЈКП “Комуналец”??”

Пишува: Теодора Петреска

Последните неколку денови, кружи веста дека во Прилеп има ново прифтилиште за животни, за нивни хуман третман.

Под самиот збор прифатилиште за хуман третман на животните, се подразбира да ги исполнува сите услови каде животните би биле добро третирани, хранети, би биле под ветеринарна контрола, вакцинација, прочистување, кастрација/ стерилизација, а потоа да бидат достапни за вдомување.

Но, тоа “прифатилиште” е истата таа шинтерница, стационирана кај терминалот на Јавнотото претријатие “Комуналец”, со истиот принцип на работа како и до сега, кој веќе ни е добро познат.

Во шинтерницата постојат кафези кои се изложени на надворешни услови, храната им претставува проблем, каде во разговор со еден од вработените, се изјасни дека Јавното претпријатие “Комуналец”, доволно било само што ги заловува кучињата, и не можат да им овозможат и храна, ветеринарното лице скоро и да има страв од кучиња, а уште потешко да определи дијагноза, па и понатамошно лекување.

Во шинтерницата е забрането сликање, снимање, со што тоа го отежнува нивното вдомување. Во досегашната работа на шинтерската служба, скоро и ретко некое куче да е живо излезено од неа.

Дали воопшто до сега едно куче е стерилизирано/кастрирано и вратено на местото од каде што е заловено?

Според правилна работа на едно прифатилиште, доколку се залови куче треба да има храна, вода, да биде проверено од ветеринарно лице, да биде кастрирано/стерилизирано и доколку по активно објавување и достапност во самата шинтерница за негово вдомување, кучето не е вдомено, да се врати на истото место од каде што е заловено, со маркица, со цел да се води контрола за нивна стерилизација/кастрација, но за жал, далеку сме од сите овие услови, па и се шират лажни вести, во кои луѓето веруваат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.