Кој е вашиот скапоцен камен според месецот на раѓање? Eве што значи секој од нив!

За секој месец од годината е карактеристичен еден скапоцен камен. Аметистите за оние кои се родени во февруари, смарагди ја зголемуваат сензуалноста, а сафирите го привлекуваат спротивниот пол. Откријте кој скапоцен камен е ваш врз основа на месецот во кој сте родени.

Јануари: Гранат

Се верува дека носи среќа и исполнува со љубов, како и сексуална енергија. Овој камен означува силен дух, енергија и позитивни мисли.

Февруари: Аметист

Аметист е симбол на искреност, смиреност и често знак на талент за музика и сликарство. Се верува дека аметистот го штити неговиот носач од магии.

Март: Аквамарин

Аквамарин е прекрасен камен кој носи храброст, мир, здравје, но исто така помага и во учењето. Овој камен е особено поврзан со морнари кои го носат како талисмани.

Април: Дијамант

Дијамантот е најскапоцениот и најтврдиот скапоцен камен во природата. Носи живост, љубов, чистота и невиност. Дава голема храброст и цврстина на оние кои го носат, а се поврзува со магија и мистицизам.

Мај: Смарагд

Љубов и почит. Ја зголемува сензуалноста и ја стимулира сексуалната енергија, како и меморијата.

Јуни: Бисер

За овој камен многумина сѐ уште веруваат дека поседува магични моќи. Носи чесност, чистота, добра смисла за хумор и интелигенција.

Јули: Рубин

Рубин претставува искреност и пријателство. Најсилниот камен е црвен. Не се препорачува за оние кои веќе имаат доволно енергија, бидејќи има спротивен ефект.

Август: Перидот

Перидот претставува радост и голема креативност, добро здравје и богатство. Штити од зло и носи љубов.

Септември: Сафир

Сафир носи мир, мудрост и вистина. Во минатото се верувало дека сафирот е вистински љубовен амулет и дека го привлекува спротивниот пол.

Октомври: Опал

Опал симболизира оптимизам и пријателство. Се верува дека носи и среќа.

Ноември: Топаз

Топаз означува живост, храброст и искреност. Ја поттикнува менталната сила и храброста.

Декември: Тиркиз

Тиркиз носи среќа, здравје и мир. Ги подобрува менталните способности и ја подобрува меморијата. Често се подарува на свадби, бидејќи носи љубов, богатство и плодност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.