Пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов, се стави во „заштита“ на евровиозискиот претставник Васил Гарванлиев и негов сограѓанин по „пропустот“ во спотот и по неговото признание дека поседува бугарски пасош.
“Интересно, некои луѓе низ годините се обиделе, за жал и сега се обидуваат да го скршат струмичкиот дух, струмичкиот непокор, струмичката храброст, струмичката спремност, таа чудна стремеж, струмичка за перфекционизам.
За волја на вистината, не успеале!
Нема ниту сега да успеат, Струмичкиот дух не е стакло, третирајте го како жива.
Можете да го делите, да го крчмите ама на крај се соединува во едно.
Така ќе биде и овој пат, Васил понуди квалитет, вокален текстуален…
Тој квалитет и го поклони на државата, на сите нас без разлика какви сме, кои сме, како размислуваме, што ние мислиме.
Ни даде подарок со кој треба да се радуваме и нешто кое што исклучително треба да го почитуваме.
Биди сигурен Васил, дека огромен дел од граѓаните даваат поддршка на тоа што го работиш, за жал некои луѓе во тоа видоа шанса за политички профит.
Јас сум убеден дека ниту една разлика, политичка, етничка, верска или било каква друга, нема да биде посилна од желбата за наш заеднички успех, предводен од Васил Гарванлиев.
ПС. Марионка лична Македонка!
Не заборавајте го хитот од Златно Славејче”, напиша Костадинов.