Следејќи ги последните случувања во ОО СДСМ Прилеп, очигледно се случува тоа што се очекуваше подолго време. Разединетоста меѓу функционерите во три табори резултираше со огромна нетрпеливост и меѓусебни тензии кои ескалираа во текот на протестите на т.н НВО во Прилеп. Успешно за едни, трагично за други, а како и секогаш кога се караат двајца, користат други двајца. Имено по расправиите и кавгите кој да им се обраќа на присутните во малобројната толпа, надвладеале најекспонираните и најквалитетните во моментов претставници на опозицијата на СДСМ во Прилеп.
Тука настанува и проблемот! Старите искусни социјалдемократи кои не ја поддржуваат ваквата уништувачка стратегија од првиот ден, реагираат кај Зоран, со познатиот стил на кодошење -“од каде овие сумливи типови да не водат”? Зарем до овде стаса СДСМ Прилеп? За нас е понижување ова друштво”!? Но, сепак до ден денешен преовлада “струјата” на младите прогресивни бизнисмени и луѓе со” чисто” минато, лично и фамилијарно.
Како искусен колумнист и јас сум зачуден од овој развој на настаните и сум убеден дека овие дечки ќе издржат до крај! Дека ќе ја добијаат битката со старите и искусни функционери и дека ќе ја остварат целта! ТИЕ ДА НЕ ПРЕТСТАВУВААТ ВО ПАРЛАМЕНТОТ, како гласноговорници од Прилеп. Чао ХАРИ чао ГОКИ!!! Идат нови дечки – бизнисмени и експерти!
П.С. Впрочем за тоа служат КВАКИТЕ – “ЕДНИ ДА ВЛЕЗАТ – ДРУГИ ДА ИЗЛЕЗАТ”. Само лошо ако “стариве сдсмовци прилепски” се заклучени од внатре”.