Во петок 12.4.2019 во 19.00 часот во фоајето на ЦК„Марко Цепенков“ концерт ќе одржи ТРИ КОЛЕГИУМ, настан што е дел од годишната програма поддржана од Министерството за култура.
Настапуваат:
АЛЕКСАНДРА КОЦЕВСКА-мецосопран
МЕНКА БОГОЕВСКА-виолина
ГЛИГОР ГЕЛЕБЕШЕВ-пијано
ТРИО КОЛЕГИУМ се формира како спонтана соработка помеѓу тројцата колеги и долгогодишни пријатели во 2017 година. Инаку ова е еден нетипичен состав за класичната музика. Изведува дела од светската музичка литература прилагодени за овој состав, бидејќи во музичката литература постојат многу малку дела напишани за оваков состав.Триото има остварено повеќе концерти во Скопје, Куманово, Неготино, Куклица-Камени кукли…
П Р О Г Р А М А
ГЛИГОР ГЕЛЕБЕШЕВ – пијано
После оформеното основно и средно музичко образование во Скопје започнува и студии на Академијата на уметности во Нови Сад во класата по пијано на проф. Јокут Михаиловиќ. По магистрирањето на ФМУ-Скопје 1997 година, ја започнува својата кариера како солист и камерен музичар. Како солист има настапувано на голем број на концерти во земјата и странство, концерти со Македонската Филхармонија и Камерниот оркестар при Македонската Филхармонија. Од 2001 година со својата сопруга Катерина Гелебешева-Костадиновска го форрмираат пијано-дуото Гелебешеви кое со голем успех настапува на најзначајните фестивали во земјава….Охридско лето, ДММ, Златна лира, Интерфест Битола…но и на бројни концерти во странство…Франција, Полска, Романоја, Србија, Бугарија, САД, Холандија, Словенија, Турција, Италија и т.н. За високите уметнички дострели дуото ја добива наградата „Златна лира 2012“.
МЕНКА БОГОЕВСКА – виолина
Родена е во Велес. Виолина почнува да изучува на 9 годишна возраст во Музичкото училиште во Велес кај наставникот Марија Богданоска. Средното образование го продолжува во Д.М.Б.У.Ц „Илија Николовски – Луј“ во Скопје во класата на проф. Тони Терзиев, а дипломира на ФМУ во класата на проф. Зоран Димитров. Добитник е на втори и трети награди на натпревари од државно ниво. Од 1995 година работи како професор по виолина во ООМУ „Владимир Арсовски“ во Неготино,каде што со своите ученици има освоено голем број на награди на државни и меѓународни натпревари. Има остварено низа концерти низ Македонија. Како член на трио„Триола“ и „Грациозо“ има остварено бројни настапи како во земјата така и во Бугарија,Словенија, Мароко.. Добитник е на 8 Ноемвриска награда на град Неготино за достигнувања во областа на класичната музика. Во исто време соработува и Габриела Бачманова– пијано и функционираат како дуо и реализираат бројни настапи.
АЛЕКСАНДРА КОЦЕВСКА – мецосопран
Музичкото образование почнува да го изучува до ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“-Скопје во класата по соло-пеење на проф. Билјана Јовановска-Јакимовска, а дипломира на ФМУ-Скопје во класата на проф. Благојче Николовски. За време на своите студии учествува на бројни натпревари по музика во Македонија и странство, каде е наградувана со високи награди. По дипломирањето се вработува во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“-Штип, каде може да се каже дека е основоположник на класата по соло-пеење. Од 2006 година се вработува како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“-копје. За време на својата педагошка кариера бележи големи успеси со своите ученици на бројни меѓународни натпревари. Како истакнат педагог е често поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Од 2015 година се враќа на концертните подиуми. Следуваат концерти во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев…Тетово, Гевгелија, Кочани, Скопје…Но често настапува и во камерни состави по различни поводи (Денот на хармониката, Фестивал Златна лира и.т.н.). Бележи настапи и во организација на Амбасадите на Р.Србија и Р.Полска.