Во сабота 6 октомври 2018 од 20 часот во кино Мис Стон во ЦК„Марко Цепенков“ќе се одржи концерт насловен „Четврт со рокенрол – Unplugged,, на кој ќе настапи вокално инструменталниот состав „ Никеја“, Здружение на автори на музички дела на РМ – Шпато.
Влезот за концертот е слободен, а составот ќе се претстави со акустичен перфоманс кој ќе опфати промоција на новите песни кои се поместени на последниот студиски албум ЊУ ФОЛДЕР, како и песни од предходните два албуми на Никеја.
Посетителите ќе можат да уживаат во песните кои со еден нов аранжерски пристап во акустична верзија ќе бидат преставени во својата изворна форма.
Концертот е во рамките на манифестацијата Нов културен бран од Министерството за култура.