Концерт на младиот прилепски виртуоз на пијано Михаил Јагуриноски

Прилепскиот млад пијанист Михаил Јагуриноски, во класата на проф. Денис Најдоски, во вторник 10 јули 2018 од 19 часот, во ликовниот салон на ЦК„Марко Цепенков“ во Прилеп ќе одржи пијано рецитал, на кој ќе бидат исполнети дела од Бах, Моцарт, Менделсон, Зографски, Мошковски, Лист..

Јагуриноски е ученик во осмо одделение во основното музичко училиште “Ордан Михајловски – Оцка” , Прилеп. Клавирот почнува да го изучува од учебната 2010 / 11-та година во класата на проф. Игор Николоски. Од учебната 2016 /17-та година преминува во класата на проф. Денис Најдоски.

Сите овие години е редовен учесник на голем број натпревари за млади пијанисти. Има освоено бројни први награди во соло пијано на општински, регионални и државни натпревари, како и повеќе први награди на мегународни натпревари во Белград, Ниш и Врање.

Исто така има освоено прва награда на државен натпревар во камерна музика. Редовно учевствува на сите концерти организирани од страна на музичкото училиште. Како гостин бил на концертот на пијанистката проф. др Ана Гацева.
Ова е негов прв самостоен пијано рецитал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.