Концерт на детскиот хор “Мали ангели”

PLAKAT D-HOR- NOVOGODIS KONCERT- 2016-2 (1)

Детскиот хор, Мали ангели, во недела 27.12.2015, од 19:00 часот ќе одржи предновогодишен концерт во кино Мис Стон. Хорот кој функционира од 2011 година, а членуваат 40 деца на возраст од 8 до 14 години, ќе се претстави со интересна програма. Целосната организација за дејствување на детскиот хор е на АРТ 10 продукција, која 24 години се грижи за младите уметници и нивниот развој. Функционирањето на хорот “Мали ангели” е поддржано од Министерството за култура, бизнис секторот и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.
– Малите ангели повторно ќе ги исполнат срцата на посетителите, бидејќи целта е развивање на музичката култура кај децата не само во градот, туку и во Македонија. На младите да им се отворат нови хоризонти, да ги воведеме во тајните на хорското и соло пеење. За овој краток период постигнавме многу. Целта во иднина се настапи низ градовите во земјата и во странство- велат од Арт 10 продукција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.