Конференција „Реформа на кривичното аконодавство

Адвокатските комори на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово денеска во Скопје ќе одржат конференција на тема „Реформа на кривичното процесно законодавство“.

received_10208477369363237

На Конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од проектот, чија цел е идентификување најголемите и најчестите проблеми во однос на процесната позиција на одбраната во регионот, како и залагање за подобрувања во оваа област и de jure и de facto преку размена на искуствата во интерес на обезбедување на еднаквост на страните и оружјето. Крајната цел е отворање на дијалог за неопходните помени во кривичното-процесно законодавство на земјите во регионот.

Поздравни обраќања на конференцијата ќе имаат претседателот на Адвокатска комора на Македонија Никола Додевски, претседателот на Адвокатска комора на Србија Драгољуб Ѓорѓевиќ, претседателот на Адвокатска комора на Косово Осман Хаволи и Елизабет Гивенс, директор на програма, Американска адвокатска комора, Балканска регионална мрежа за владеење на правото (БРРЛН).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.