Конечно! Русите направија препарат за лечење на коронавирусот: Научниците развија препарат кој ќе блокира воспаление, на база на овој лек

Руската Федерална агенција за биомедицина направи препарат за лечење на коронавирус на основа на антималарискиот лек мефлоквин, соопшти прес службата на оваа организација.

Овој препарат ги блокира цитопатолошките ефекти на коронавирусот на ниво на ќелии и го запира нивното размножување.

Покрај тоа, имуносуперсивното дејство на мефлоквинот ги блокира било каквите воспаленија.

Како што наведува Агенцијата, овој препарат ќе осигури ефикасно лечење на пациентите кои заболеле од коронавирусот во различни фази на инфекција.

Да потсетиме, Светската здравствена организација на 11 март прогласи пандемија. Првите случаи на заразени од овој вирус се забележани на крајот од 2019 година во Кина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.